Заем од 46,9 милиони евра за доградба на Скопје Сити Мол

Bez autora
Nov 13 2011

"Балфин МК", компанијата која стои зад проектот вреден 70 милиони евра "Скопје Сити Мол", во заемен договор со конзорциум од европски и локални банки, ја обезбедува втората половина од финансиите потребни да се догради досега најголемиот трговски центар во регионот. Визијата на "Балфин МК", од аспект на кофинансирање на развојот, градењето и работењето на трговскиот центар ја поддржаа и помогнаа Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) со седиште во Лондон со заем од 18,9 милиони евра, Раифајзен банка Албанија со заем од 20 милиони евра и Комерцијална банка Македонија со заем од 8 милиони евра. Со свеченото потпишување на договорите за финансиска поддршка, се осигурува понатамошната работа на трговскиот центар која зад себе ја остава успешно завршената прва етапа од изградбата во која голем удел земаа три македонски градежни фирми. Клаудио Виецоли, директор за Западен Балкан во ЕБОР вели дека го поддржуваат "Балфин МК" во развојот на овој значаен проект за Скопје во период кога трговското финансиско задолжување е многу ограничено.

Заем од 46,9 милиони евра за доградба на Скопје Сити Мол"Балфин МК", компанијата која стои зад проектот вреден 70 милиони евра "Скопје Сити Мол", во заемен договор со конзорциум од европски и локални банки, ја обезбедува втората половина од финансиите потребни да се догради досега најголемиот трговски центар во регионот.

Визијата на "Балфин МК", од аспект на кофинансирање на развојот, градењето и работењето на трговскиот центар ја поддржаа и помогнаа Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) со седиште во Лондон со заем од 18,9 милиони евра, Раифајзен банка Албанија со заем од 20 милиони евра и Комерцијална банка Македонија со заем од 8 милиони евра.

- Со свеченото потпишување на договорите за финансиска поддршка, се осигурува понатамошната работа на трговскиот центар која зад себе ја остава успешно завршената прва етапа од изградбата во која голем удел земаа три македонски градежни фирми - велат од "Балфин МК".

Клаудио Виецоли, директор за Западен Балкан во ЕБОР вели дека го поддржуваат "Балфин МК" во развојот на овој значаен проект за Скопје во период кога трговското финансиско задолжување е многу ограничено.

- Новиот трговски центар значително ќе ја задоволи неисполнетата побарувачка за модерен простор на продавници во македонскиот главен град, применувајќи притоа високи стандарди на енергетска ефикасност - рече Виецоли.

Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје нагласи дека и дел од другите банки во РМ можат да остварат заедничка соработка и финансирање на определени релативно помали инфраструктурни проекти.

- Во случајот со Скопје Сити Мол за нас е задоволство што успеавме да покажеме дека е можна и заедничка соработка и финансирање на еден поголем проект со такви институции како што се ЕБРД и Раифајзен банк. На инвеститорите им посакувам успешна реализација на проектот во овие турбулентни времиња во светската економија, со кој градот Скопје ќе добие најмодерен трговски центар - изјави Костов.

Потпишувањето на договорот го поздрави министерот за финансии, Зоран Ставрески кој истакна дека оваа инвестиција во Македонија која доби поддршка од конзорциум од меѓународни и домашни банки покажува дека во земјава има добри претприемачи, кои имаат добри идеи и дека има солидна бизнис-клима за инвестирање.

Трговскиот центар ќе биде најмодерен и најголем во Македонија. Ќе има површина од 90.000 квадратни метри, распределени на три нивоа и катна гаража од 1.300 паркинг-места, 150 продажни места со различна големина, потоа простор од 4.600 квадрати за хипермаркет во кој ќе биде сместен бренд кој досега не е присутен во Македонија. Ќе има простор за рекреација, киносали, кугларници, ресторани... Официјално треба да почне со работа следната година во октомври, а ќе отвори нови 1.000 работни места.

"Балфин МК" е компанија основана од најголемата групација за малопродажба на текстилни производи Фешн Груп и водечкото регионално друштво за малопродажба и градежништво со седиште во Албанија - Балфин Групацијата, доминантен сопственик на водечкото друштво за трговија на мало со електрични апарати "Еуро Медиа".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik